• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кисела Вода и РК „Алкалоид” го опремија кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”

Општина Кисела Вода и РК „Алкалоид” го опремија кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Општина Кисела Вода соопшти дека со донација од РК „Алкалоид” целосно е опремен кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”. Градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски и претседателот на Ракометниот клуб „Алкалоид”, Горан Минов, заедно со други претставници од раководството на клубот, денеска го посетија ова училиште, каде компјутерската опрема е веќе поставена и подготвена за настава. -Денес заедно со претседателот на Ракометниот клуб „Алкалоид”, Горан Минов и другите претставници од раководството на клубот сме во ООУ „Круме Кепески”, каде преку нивна донација целосно опремивме кабинет по информатика. Десктоп компјутери, лаптопи, печатачи, скенери, монитори, ранци и торби за лаптоп, од овој 1 септември им се ставени во функција на учениците од ова училиште со цел унапредување на нивните ИТ вештини и осовременување на наставниот процес. Сакам да се заблагодарам на Ракометниот Клуб „Алкалоид", кој покажувајќи ја својата општествена одговорност, ги поддржа нашите заложби за обезбедување на поквалитетна работна средина за нашите ученици. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи, бидејќи со вакви настани покажуваме дека имаме исти цели и делиме заеднички вредности - да создадеме можност секое дете да го достигне својот полн потенцијал, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Тој потсети и дека претходната учебна година Општина Кисела Вода за основните училишта обезбеди повеќе смарт табли, а три од нив се токму во ООУ „Круме Кепески” и најави дека оваа година локалната самоуправа ќе излезе со нови мерки за унапредување на наставниот процес. -Сакам да најавам дека од септември ќе имаме и бесплатни курсеви по информатика за децата од социјално загрозени семејства, за што ќе излеземе со дополнително соопштение, а ранците со училишниот прибор и тетратките од проектот „Ранче за секое прваче” се веќе пристигнати и на 1 септември првоодделенците подготвени ќе го почнат својот прв училишен ден, додаде градоначалникот Ѓорѓиевски. рп/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан