• четврток, 04 јули 2024

Општина Карпош: Целосно реконструиран вториот дел од улицата „Козле 3“ во Нерези

Општина Карпош: Целосно реконструиран вториот дел од улицата „Козле 3“ во Нерези

Скопје, 3 јули 2024

Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата Козле 3 во урбаната заедница Нерези. Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.

Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици.

Општина Карпош

Фото: Општина Карпош

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан