• петок, 22 ноември 2024

Општина Карпош побарала пролониграње на грејната сезона, да не почне на 15 октомври, туку на 1 ноември

Општина Карпош побарала пролониграње на грејната сезона, да не почне на 15 октомври, туку на 1 ноември

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Владината портпаролка Марија Митева денеска обелодени дека Општина Карпош побарала пролониграње на грејната сезона, да не почне на 15 октомври, туку на 1 ноември.

Владата, како што напомена Митева, ги проверила вчерашните наводи на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

-Да, ги проверивме состојбите. И министерката Јаневска веќе кажа дека блок дотациите се доставени. Но, не загрижува што Општина Карпош има доставено барање за пролониграње на грејната сезона, да не почне на 15 октомври, туку на 1 ноември. Кои се причините за ваквото барање и како се донела ваква одлука, во барањето не е наведено и затоа замолувам ова прашање да го упатите на друго место, истакна Митева.

Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, според него, не е должна да го прави тоа. Во врска со ова, министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска потсети дека на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона. Таа воедно изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“. Јакимовски денеска одржа прес-конференција на која потенцира дека МОН има законска обврска да обезбеди средства за нормално функционирање на училиштата, а во Оппштина Карпош, како што рече, има вкупно 10. мч/аа/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан