• недела, 22 декември 2024

Општина Кавадарци препорачва да не се палат коледарски огнови за да не се загадува воздухот

Општина Кавадарци препорачва да не се палат коледарски огнови за да не се загадува воздухот

Кавадарци, 5 јануари 2024 (МИА) - Да не се палат коледарски огнови, е само една од препораките што денеска ги донесе Општина Кавадарци, со цел да не се загадува воздухот.

- Согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина  и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи и во пресрет на божиќните празници, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме во вечерните часови да не се палат коледарски огнови, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Исто така, општината препорачува за затоплување на простории да не се користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, поединечно да делува за доброто на сите. свд/фф/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан