Општина Кавадарци почна активности за проект за противпожарни системи
- Кавадарци почна активности за проект за противпожарни системи, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Како што соопшти градоначалникот, Општината заочнала со почетната фаза од реализацијата на проектот за противпожарни системи. Се очекувало, во најкраток можен период да се отпочне и со инсталација на уреди за превентивна детекција на оган и чад.
Кавадарци, 21 јануари 2026 (МИА) - Кавадарци почна активности за проект за противпожарни системи, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Како што соопшти градоначалникот, Општината заочнала со почетната фаза од реализацијата на проектот за противпожарни системи. Се очекувало, во најкраток можен период да се отпочне и со инсталација на уреди за превентивна детекција на оган и чад.
Автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција, како и своевидни ознаки за сите безбедни објекти за секој што ќе влезе во нив да се чувствува безбедно, беа двата предлога што Општина Кавадарци ги даде до Кризниот штаб, уште во април минатата година, како што тогаш информираше Јанчев.
-Едниот предлог е да работиме заедно со сите надлежни субјекти на правење на автоматски систем со сензори за детекција на чад и пожар и автоматска дојава за пожарот до клучните институции - брза помош, полиција и противпожарна единица, појасни тогаш тој, како командант на Кризниот штаб. Јанчев тогаш изрази уверување дека во наредните години, над 90 отсто ќе се автоматизира ваквата дојава. свд/вг/
Фото: МИА Архива