Општина Илинден започна со изградба на нов урбан парк – плоштад
- Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино, информираат од Општината.
Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино, информираат од Општината.
Овој урбан парк, појаснувааат, ќе се наоѓа на потегот помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“, и зафаќа површина од околу 5.600 м2.
-Во рамки на паркот освен неопходното партерно уредување, предвидено е поставување на улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и сервисна улица. Урбаниот парк ќе содржи зона со зелена површина, отворен плоштад за прошетка и колективни настани, централно поставена фонтана и жардињери со цвеќиња, како и детско игралиште со реквизити, во кое ќе можат да уживаат и најмалите жители на општината, велат од Општина Илинден.

Увид во почетните фази на градба извршил градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека урбанизацијата и просторното уредување се од особена важност за жителите на општина Илинден да можат своето слободно време да го поминуваат во квалитетен, модерен и урбан простор за одмор и прошетка.
Општина Илинден продолжува со модернизација и уредување на јавните површини во сите населени места. сст/са/
Фото Општина Илинден