• четврток, 21 ноември 2024

Општина Илинден доби финансиска поддршка за четири капитални проекти како дел од Јавниот повик на Владата

Општина Илинден доби финансиска поддршка за четири капитални проекти како дел од Јавниот повик на Владата

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Општина Илинден доби финансиски средства за реализација на четири капитални проекти како учесник во владиниот јавен повик.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги потпиша договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт, а средствата ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти кои ќе овозможат поквалитетен живот на граѓаните од општина Илинден.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, финансиските средства ќе бидат наменети за реализација на проектот „Изградба на улица 500 Армирано бетонски плочаст мост над одводниот канал кај Меморијалниот центар во населба Јака, реконструкција на коловозот на локалниот пат Бујковци-Мршевци со одведување на атмосферските води од локалниот пат, изведба на фекална канализација за дел од населено место Кадино колектор К4, како и за изградба на сервисна улица бр.19 во УП за Илинден, Марино и дел од КО Кадино блок 32.

Градоначалникот Георгиевски упати голема благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за помошта и поддршката која ја доби Општина Илинден, а се однесува на обезбедување поубав и поквалитетен живот на жителите од целата Општина. мч/нд/

фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан