• вторник, 24 декември 2024

Општина Илинден добива нов здравствен дом

Општина Илинден добива нов здравствен дом

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности на капиталниот проект за изградбата на нов здравствен дом. 

Како што информира Општина Илинден, жителите по речиси половина век добиваат модерен објект во кој ќе биде сместен здравствениот дом. Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од околу 600 квадратни метри, ќе биде изграден на два ката, два влеза (преден и заден влез), две чекални, два шалтера, четири тоалети и 14 ординации. Во надворешниот дел ќе се обезбеди паркинг простор, како и партерно и хортикултурно уредување.

Градоначалникот Георгиевски нагласи дека со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење и не ќе мораат да патуваат по дваесетина километри. Додаде дека во новиот здравствен дом, покрај основната здравствена заштита, ќе има можност и за други специјалистички здравствени услуги. мд/дма/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан