• петок, 05 декември 2025

Општина Делчево постави рок за отстранување хаварисани возила од јавни површини

Општина Делчево постави рок за отстранување хаварисани возила од јавни површини

Делчево, 7 ноември 2025 (МИА) – Општина Делчево ги известува сопствениците на хаварисани, нерегистрирани возила, приклучни возила, земјоделски машини и механизација кои се поставени на јавни површини дека најдоцна до 30 ноември треба самите да ги отстранат од територијата на општината.

Од Општината предупредуваат дека паркирањето на вакви возила на јавни површини е строго забрането, бидејќи освен што ја нарушува естетската слика на градот, го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, го ограничува слободниот пристап до објекти и ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено пешаците.

-Сопствениците на хаварисани возила, машини и опрема треба самостојно да ги отстранат од јавните простори. Во спротивно, истите ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби на трошок на сопствениците, соопштуваат од Општина Делчево.

Со оваа мерка, локалната самоуправа има за цел подобрување на урбаниот изглед и безбедноста на јавните површини на територијата на Општина Делчево.вс/ар
Фото:МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан