Општина Дебрца организира промотивна велосипедска тура низ падините на Славеј Планина
- Во насока на промоција на туристичкиот потенцијал на Дебрца, Општината наредниот месец ќе организира одржување велосипедска тура на падините на Славеј Планина.

Охрид, 11 март 2025 (МИА) – Во насока на промоција на туристичкиот потенцијал на Дебрца, Општината наредниот месец ќе организира одржување велосипедска тура на падините на Славеј Планина.
Настанот што ќе биде организиран во соработка со „Rupicapra MTB Adventure team“ ќе се одржи на 13 април, со почеток од 10 часот.
Стартот на кружната тура во должина од 45 километри е од селото Лактиње, а љубителите на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини, информираат од Општина Дебрца.
Турата со планински велосипеди е без котизација, а за учесниците обезбедени се бесплатни освежителни пунктови, вода, сок, енергетски барови, благо, овошје, енергетски суплементи, ручек…
Повеќе детали за настанот, можноста за пријавување и детали околу патеката на интернет-страницата на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk аб/са/
фото/плакат