• понеделник, 25 ноември 2024

Општина Гостивар им пружа поддршка на лицата со ретки болести

Општина Гостивар им пружа поддршка на лицата со ретки болести

Гостивар, 24 февруари 2023 (МИА) - По повод активностите со кои се одбележува месецот на лицата со ретки болести, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари оствари средба со иницијаторите и даде отворена и силна поддршка.

Од општината информираа дека Таравари во својот кабинет го пречека и оствари средба со Јосиф Мишевски, лице со ретка болест, со кого општина Гостивар организираше низа активности за подигање на свеста и различни проекти.

На средбата се разговараше за подготовка на акциски план и традиционално, по повод овој месец, соработниците на градонаќланикот и гостинот ги обоија рацете за да ја пренесат пораката на поддршка.

Локалната самоуправа минатата година започна со доделување на стипендии на ученици и студенти со ретки болести, како дел од активностите кои локалната самоуправа ги спроведува во рамки на одбележувањето на месецот на лицата со ретки болести.

Иницијативата за одбележувањето на месецот на лицата со ретки болести ја иницира Јосиф Мишески гостиварец кој е единствениот во Македонија кој има „ихтиоза“. згм/дма/

Фото: Општина Гостивар

Остани поврзан