• недела, 22 декември 2024

Општина Гостивар додели благодарници на тројца лекари за ангажманот во лекување на заболени со КОВИД-19

Општина Гостивар додели благодарници на тројца лекари за ангажманот во лекување на заболени со КОВИД-19
Гостивар, 5 ноември 2020 (МИА) - Гостиварскиот градоначалник денеска врачи благодарници и плакети на тројца лекари од полошкиот регион во знак на почит за нивниот ангажман во лекувањето на заболени од КОВИД-19. Постхумно, благодарница му е доделена на младиот пулмолог кој неодамна почина. На приемот во неговиот кабинет, градоначалникот Арбен Таравари напомена дека тоа е мал гест на благодарност за трудот и вниманието кое инфектолозите Фадиљ Цана и Илир Демири го покажале во нивата работа изминатиов период. – Нивните телефони секогаш беа отворени за нас, нашите роднини и пријатели. Тие помагаа без поговор, а тоа најдобро го знаат оние кои боледувале од ковид и се лекувале на скопските клиники. Овие лекари се вложувале до максимум за да помогнат. Во оваа прилика не сакам да ги забораваме и останатите медицински лица, медицински сестри, доктори кои секојдневно се во служба на пациентите. Тие навистина се хероите на ова време, рече Таравари. Инфектологот Фадиљ Цана искажувајќи благодарност за укажаната чест, посочи дека од денес има обврска повеќе за да продолжат и понатаму посветено да работат. – Најсрдечно се заблагодарувам во лично име и во името на д-р Демири кој не можеше да дојде во Гостивар, бидејќи е дежурен на клиника. Ова претставува голема чест и не обврзува да останеме во нашата борба со пандемијата на ковид, рече д-р Цана. Докторите Фадиљ Цана кој потекнува од гостиварско Чегране и Илир Демири од Тетово, работат на Инфективната клиника во Скопје. Трагично починатиот Трајче Нешковски беше ангажиран во ковид центарот во Козле. Таравари напомена дека покрај благодарниците ќе предложи на една од наредните седници на советот на општина Гостивар, овие медицински лица да се прогласат за почесни граѓани на Општина Гостивар. згм/аа/

Остани поврзан