Општина Гевгелија го комплетира западниот булевар со современо улично осветлување
- По свеченото отворање и пуштањето во употреба на улицата „Свети Климент Охридски“- Западен булевар, со што беше означена третата фаза од реализацијата на проектот, Општина Гевгелија започна со активностите за поставување современи канделабри за улично осветлување, објавија од локалната самоуправа.
Гевгелија, 29 август 2025 (МИА) - По свеченото отворање и пуштањето во употреба на улицата „Свети Климент Охридски“- Западен булевар, со што беше означена третата фаза од реализацијата на проектот, Општина Гевгелија започна со активностите за поставување современи канделабри за улично осветлување, објавија од локалната самоуправа.
Се додава дека со ова улицата не само што значително го олеснува сообраќајот, туку и го зголемува нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, особено во вечерните часови, а Западниот булевар, како една од клучните сообраќајници во градот, со осветлувањето ќе го добие целосниот современ и функционален изглед.
- Со ова покажуваме дека секој проект го доведуваме до целосна реализација, обезбедувајќи Гевгелија да расте како модерен, уреден и безбеден град за сите наши граѓани, се наведува во пренесената изјава на градоначалникот Андон Сарамандов, по започнувањето на активностите за инсталацијата на јавното осветлување на на оваа улица.
Западниот булевар беше пуштен во употреба на 25. минатиот месец во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата, а изградбата чини над 120 милиони денари.рт/лв/
Фото: Општина Гевгелија