Општина Гевгелија апелира до граѓаните за време на грејната сезона да не согоруваат недозволени материи
- Општина Гевгелија и Инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија, ги известуваат сите граѓани дека е неопходно строго да се внимава на видот на материјалите кои се користат за затоплување во дoмашните печки и котли, стои во известувањето до јавноста.
Гевгелија, 28 ноември 2025 (МИА) - Општина Гевгелија и Инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија, ги известуваат сите граѓани дека е неопходно строго да се внимава на видот на материјалите кои се користат за затоплување во дoмашните печки и котли, стои во известувањето до јавноста.
-Потсетуваме дека согорувањето отпад - како пластика, гума, текстил, отпадно масло, стар мебел (лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел), стиропор, како и други недозволени материјали - претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето и животната средина. Горењето недозволени материјали предизвикува појава на токсични гасови и густ чад, кои ја загадуваат атмосферата и го нарушуваат квалитетот на воздухот, се наведува во известувањето.
Се додава дека Општина Гевгелија ќе преземе засилени контроли и законски мерки против сите физички и правни лица кои согоруваат отпад во домашни или индустриски уреди за греење, каде следуваат и соодветни казни според прекршокот. рт/дма/
Фото: Општина Гевгелија