• понеделник, 01 јули 2024

Општина Гази Баба додели грантови за студенти иноватори

Општина Гази Баба додели грантови за студенти иноватори
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Во просториите на Општина Гази Баба денеска градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.
Како штоинформираат од општинската прес-служба, целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.
- Денеска во просториите на Општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори. Основната цел на овој проект е мотивирање на студентите да размислуваат иновативно, а она што истите како проект ќе го замислат општината ќе биде партнер во неговата реализација. Мудрите луѓе запишале дека за креативноста е потребна храброст, напиша градоначалникот Стефковски на својот фејсбук профил.
Како градоначалник на Општина Гази Баба, посочува тој, ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти.фф/сст/

Остани поврзан