• петок, 22 ноември 2024

Општина Велес со средства од буџетот ќе набави таблети за ученици од социјално ранливи семејства

Општина Велес со средства од буџетот ќе набави таблети за ученици од социјално ранливи семејства
Велес, 6 ноември 2020 (МИА) - Советот на Општина Велес на својата последна седница донесе одлука 1.300 000 денари од општинскиот буџет да бидат наменети за набавка на таблети за ученици од училиштата во градот што живеат во социјално ранливи семејства, информира на денешната прес-конференција, градоначалникот Аце Коцевски. -Таблетите што ќе ги набавиме ќе им бидат дадени на училиштата и тие со реверс ќе можат да им ги дадат на користење на учениците кои немаат. Така ќе може да се подобри следењето на наставата и учењето на децата, најави Коцевски. Тој информира дека од буџетот на Општина Велес се издвоени плус 150 илјади денари за набавка на кислородни концентрати за потребите на Ковид центрите во ЈЗУ Општа болница Велес.ад/бт/

Остани поврзан