Општина Велес распиша јавен повик за учество на угостителските објекти и винариите на годинашната „Питијада 2025“
- Општина Велес и оваа година од 10-ти до 12 октомври со богата културно-уметничка и забавна програма ќе ја организира манифестацијата на велешката пита и вино „Питијада 2025“.
Велес,13 август 2025 (МИА) - Општина Велес и оваа година од 10-ти до 12 октомври со богата културно-уметничка и забавна програма ќе ја организира манифестацијата на велешката пита и вино „Питијада 2025“.
Од Општина Велес преку јавен повик ги повикува сите регистрирани правни лица со угостителска или пекарска дејност, винарии и регистрирани индивидуални пекарски производители, да се пријават за учество со доставување на пополнета пријава затворена во плик најдоцна до 16. Септември .2025 година, во архивата на Општина Велес со назнака „Питијада 2025”.
На „Питијадата 2025“ како и во изминатите години се врши презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и Винариите ќе го промовираат сопственото производство. Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер.
Како што појаснуваат од Општина Велес, цел на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет. ад/бк/
фото: МИА архива