• петок, 05 декември 2025

Општина Велес одбележа 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ

Општина Велес одбележа 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ

Велес, 1 август 2025 (МИА)  - Во пресрет на најголемиот национален празник Илинден, Општина Велес денеска одбележа 122 години од славното Илинденско востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ.

По тој повод делегации на Општина Велес, политички партии и јавни институции им оддадоа почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна. Положувајќи цвеќе се поклонија пред спомен бистата во Спомен костурницата од НОВ, пред споменикот на Велешките Илинденци и пред споменикот на учителот Панко Брашнаров.

Од Општина Велес потенцираат дека 2 Август, симболот на македонската борба за слобода, со себе ги носи спомените на двата Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, историски датуми за македонскиот народ на кои се поставени темелите на денешна Македонија. ад/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан