• четврток, 11 јули 2024

Општина Велес и годинава со субвенции за граѓаните за купен велосипед

Општина Велес и годинава со  субвенции за граѓаните  за купен велосипед

Велес,10 јули 2024 (МИА) - Традиционално како и секоја година граѓаните на Општина Велес ќе можат да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купен велосипед,кој е распишан денес и ќе трае до 7 август 2024.

Како што информираат од Општина Велес, на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“. 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик па се до 07.08.2024 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.


Повеќе информации околу условите и начинот за аплицирање ќе може да најдете на официјалната веб страна на Општина Велес - https://veles.gov.mk/javenpovik-velosiped-2024/ ад/са/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан