Општина Битола промовира три нови игралишта во градот
- Општина Битола денеска промовира три нови спортско-рекративни игралишта за деца и млади изградени во населбата викана „Областа“ во овој град.
Битола, 25 ноември 2025 (МИА) - Општина Битола денеска промовира три нови спортско-рекративни игралишта за деца и млади изградени во населбата викана „Областа“ во овој град.
Станува збор за нов урбанизира простор на површина од 630 квадратни метри за чие опремување и изградба Општина Битола вложи 2,7 милиони денари.
-Комплексот содржи детско игралиште, мало кошаркарско игралиште и мало фудбалско игралиште. На детското игралиште е поставена соодветна урбана опрема и реквизити. Кошаркарското и фудбалското игралиште се опремени со модуларни подлоги и соодветна урбана опрема, информираа од тамошната локална самоуправа. мт/дма/
Фото: Општина Битола