• среда, 15 мај 2024

Општина Битола подари новогодишни пакетчиња во институции и здруженија

Општина Битола подари новогодишни пакетчиња во институции и здруженија

Битола, 28 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со новогодишни пакетчиња им ги честита новогодишните и божиќните празници на штитениците во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, како и во Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“. 

Општина Битола донираше новогодишни пакетчиња и за повеќе здруженија и институции кои работат со лица со попреченост, како и за општинската организација на Црвениот крст, со што од општината донирани се вкупно 400 пакетчиња.

Општина Битола, изразува голема благодарност и до „КАМ ДОО“ за донацијата од дополнителни 300 новогодишни пакетчиња, со што се овозможува новогодишната радост да ја почувствуваат повеќе дечиња од социјално ранливи семејства, соопштија од тамошната локална самоуправа. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан