• понеделник, 20 јануари 2025

Општина Битола го одбележа Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“

Општина Битола го одбележа Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“

Битола, 18 декември 2024 (МИА) - Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија го одбележаа 18 декември, Ден на заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски.

Според востановената традиција, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар одржа утринска богослужба, а потоа и Литија по Широк сокак, а градоначалникот Тони Коњановски додели награди на најдобрите ученици во градот за минатата година.

-Пред 3 години кога дадов предлог одбележувањето на овој ден да биде посветено на мотивација на најмладите, точно мојата визија беше насочена кон спроведување мерки кои ќе ги поттикнат учениците да учат, да се надградуваат, да се натпреваруваат, затоа што Битола е град од кој потекнуваат многу квалитетни музичари, спортисти, лекари, инжинери, архитекти...Досега спроведовме три јавни повици, на кои добивме навистина квалитетни апликации од кои без исклучок, сите го потврдуваат квалитетот и потенцијалот на нашите најмлади сограѓани, истакна Коњановски и врачи 35 парични награди за најдобрите основци и средношколци во Битола.

Градоначалникот Коњановски идната година, наградувањето на талентираните и наградени ученици ќе биде преку посебни јавни повици за три области, односно за уметност, наука и спорт. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан