• петок, 22 ноември 2024

Општина Берово и годинава ќе го организира спортскиот настан ,,Работнички спортски игри 2023"

Општина Берово и годинава ќе го организира спортскиот настан ,,Работнички спортски игри 2023

Берово, 8 февруари 2023 (МИА) - Во Берово е објавен јавен повик за пријавување за учество за Работнички спортски игри 2023 година. Настанот ќе се одржи во периодот февруари - март 2023 година, а на него можат да се пријават учесници од општините Берово и Пехчево.

-Со цел спортување, подигање  на спортскиот дух и подобрување на  соработката помеѓу институциите , и правните субјекти на локално ниво, Општина Берово и во 2023 година, организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал. Како домаќини и организатори на овие игри ги покануваме сите заинтересирани јавни институции, и правни субјекти, доколку сакаат да земат  учество да се пријават  на работничките спортски игри, информираа од Општината.
 
Првиот состанок како што додадоа ќе се одржи на 09.02.2023 год (четврток), со почеток во 14 часот во салата за совет во Општина Берово.
 
-Се покануваат заинтересираните екипи да испратат по еден претставник на состанокот, за запознавање со правилата и прописите за РСИ 2023. На турнирот е дозволено учество само на жители на Општините Берово и Пехчево. Пријавувањето е во просториите на Општина Берово и ќе трае до 23.02.2023 година (четврток) до 14:00 часот, додадоа од Општината.
 
Турнирот е планирано да започне на крајот на овој месец, а за најдобрите учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди, од страна на Општина Берово. вс/сст/
 

Остани поврзан