• петок, 13 јуни 2025

Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на Сандански

Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на Сандански

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) - Општина Аеродром одбележа 20 години постоење и 153 од раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански, информираат попладнево од локалната самоуправа.

Граѓани се собрале во паркот со неговото име, а в.д. градоначалникот на општината, Дејан Митески, со општински претставници и други делегации, положиле цвеќе пред споменикот на Сандански.

Во рамките на програмата биле доделени плакети, признанија и благодарници.

- Признанија и благодарници добија и вработените во Општина Аеродром, кои неуморно работат на создавање уште подобри услови за аеродромци цели 20 години, а доказ за тоа дека светот останува на младите, беа и најмладите добитници, кои уште од најрана возраст нижат успеси во различни области. Аеродром денеска уште еднаш покажа дека има со што да се гордее. Сите ние можеме да бидеме сигурни дека како и досега, така и во иднина ќе бидеме општина од каде излегуваат огромен број таленти што достојно нѐ претставуваат во светот, се наведува во соопштението на Општина Аеродром. бд/лв/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан