• недела, 16 март 2025

Опозицијата во Србија со осуда за употребата на звучен топ на вчерашниот протест и веќе презема правни чекори

Опозицијата во Србија со осуда за употребата на звучен топ на вчерашниот протест и веќе презема правни чекори

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Партии од српската опозиција ја осудија употребата на звучно оружје на вчерашниот протест во Белград нагласувајќи дека за тоа е одговорен претседателот Александар Вучиќ, јави МИА од Белград.
Тие наведуваат дека веќе преземаат правни чекори.

Партиите ги повикаа сите граѓани кои беа изложени на звучен топовски напад со ЛРАД (LRAD Long Range Acoustic Device - звучен топ) на вчерашниот протест да им помогнат во пријавувањето на тој незаконски чин.
Дел од партиите веќе поднесоа кривични пријави.
Медиумите во Белград засега се без инфомации дека лица побарале лекарска помош по тој инцидент.

За време на синоќешниот голем протест во центарот на Белград, беа снимени инциденти за време на оддавањето почит на загинатите, а на видео снимките на социјалните мрежи се гледа како луѓето во паника одеднаш се разделуваат на сред улица.

Откако на социјалните мрежи се појавија наводи дека е употребен звучен топ, МВР на Србија „најостро демантираше“.

Српското Министерство за одбрана исто така негираше употреба на звучен топ. зш/
фото МИА

Остани поврзан