• среда, 25 март 2026

Опожарен камион на „Чистота и зеленило“ Куманово

Опожарен камион на „Чистота и зеленило“ Куманово

Куманово, 23 мај 2025 (МИА) - Камион на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ изутрината бил опожарен додека изнесувал смет од правен субјект од Куманово, информираа денеска надлежните од претпријатието. Пожарот го изгасила екипа на противпожарна единица и вработени на самото претпријатие.

Директорот на претпријатието, Ненад Стојановски, информираше дека до пожарот дошло поради несоодветно одложен отпад кој се запалил во задниот дел на возилото.

- Пожарот е резултат на неодговорно фрлање отпад, кој не смее да се меша со комуналниот отпад. За среќа нема повреднеи во пожарот, вработените го забележале пожарот и алармирал, што овозможи навремена реакција и спречување на сериозни последици. Причинета е штета која ќе се санира, изјави Стојановски.

Увид извршила и екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од јавното претпријатие со апел до граѓаните и правните субјектите да се одлага соодветен отпад и укажуваат дека инцидентот ја отвара дебатата за  неопходна едукација и контрола при управувањето со отпадот, како и за зајакнување на инспекциските механизми во насока на спречување на вакви ризични ситуации. ам/са/

Фото: „Чистота и зеленило“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан