Опожарено возило во Аеродром
- Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека ноќеска на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ било запалено патничко возило.
Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека ноќеска на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ било запалено патничко возило.
Противпожарната бригада на Град Скопје информираше дека интервенирале со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.
Материјалната штета се проценува на околу 9.000 денари. бак/
Фото: МИА архива