• четврток, 26 март 2026

Операција на сириската армија за апсење на џихадисти, француски државјани

Операција на сириската армија за апсење на џихадисти, француски државјани

Дамаск, 22 октомври 2025 (МИА) – Сириската армија денеска презеде операција против група џихадисти предводена од Умар Диаби во северниот дел на земјата во близина на границата со Турција.

Директорот на невладината Сириска опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман, објави дека армијата „го опколила џихадистичкиот камп и почнала голема операција за апсење на француски државјани, по кои е распишана потерница“.

Според неименувани извори во џихадистичкиот камп има и жени и деца, а армија трага по двајца француски државјани.

Во Франција по Диаби е распишана потерница, а од септември 2026 година САД го означи како „меѓународен терорист“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан