• понеделник, 23 декември 2024

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Во рамки на 50. Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер ќе биде одиграна втората изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини. Трагична опера во два чина, една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, позната по магичната арија-молива на Норма „Casta Diva”. Под диригентската палка на гостинот од Италија, Енрико Довико, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска. Во насловната улога ќе настапат Благица Поп Томова, во улогата на Полионе: Ѓорѓи Цуцковски, Адалџиза: Николина Јаневска Оровезо: Иван Томашев (Србија), Клотилде: Марика Поповиќ, Флавио: Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан