• сабота, 21 декември 2024

ОН ја потврдија својата посветеност на глобалните развојни цели до 2030 година

ОН ја потврдија својата посветеност на глобалните развојни цели до 2030 година

Њујорк, 19 септември 2023 (МИА) - На самитот во Њујорк, 193 земји членки на ОН усвоија декларација со која ја потврдуваат нивната посветеност на целите за одржлив развој. Декларацијата вклучува обврска за финансирање на земјите во развој и јасна поддршка за пакет стимулации за реализација на целите од најмалку 500 милијарди долари годишно.

Седумнаесетте цели за одржлив развој, поставени во 2015 година, главно имаат за цел да го искоренат гладот ​​и екстремната сиромаштија до 2030 година. Сепак, пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и должничката криза во сиромашните земји ја одложија нивната реализација.

Според ОН, доколку работите не се променат, 575 милиони луѓе ќе продолжат да живеат во екстремна сиромаштија, а повеќе од 600 милиони ќе бидат гладни во 2030 година. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан