• недела, 22 декември 2024

ОН со остра осуда на нападите на џихадистичките групи врз градот Палма во Мозамбик

ОН со остра осуда на нападите на џихадистичките групи врз градот Палма во Мозамбик
Њујорк, 29 март 2021 (МИА) - Обединетите нации денеска изразија остра осуда на нападите што им се припишуваат на џихадистичките групи во градот Палма, во Мозамбик, нарекувајќи ги „гнасни дела“, изјави портпаролот Стефан Дижариќ. -Длабоко сме загрижени за ситуацијата што се уште се развива во Палма, каде на 24 март почнаа вооружени напади во кои досега се убиени неколку десетици лица, рече Дижариќ. Според него, ОН продолжува на терен да соработува со властите, со цел да му се помогне на загрозеното население. -ОН ги поддржува напорите на владата на Мозамбик да ги заштити цивилите, да ја врати стабилноста и пред лицето на правдата да ги изведе одговорните за овие гнасни дела, додаде тој. Градот Палма, што по нападот падна во рацете на џихадистичките групи, денеска изгледа напуштено, додека неколку илјади цивили продолжуваат да бегаат од областа. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите и тврди дека го контролира овој пристанишен град. Џихадистите веќе неколку години континуирано го заплашуваат населението од северот на Мозмабик, во близина на границата со Танзанија. сд/

Остани поврзан