• петок, 20 март 2026

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Њујорк, 28 февруари 2026 (МИА) – Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.

Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.

Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан