• среда, 25 декември 2024

ОН: Речиси 70 проценти од убиените во Појасот Газа се жени и деца

ОН: Речиси 70 проценти од убиените во Појасот Газа се жени и деца

Њујорк, 8 ноември 2024 (МИА) – Во првите седум месеци од војната во Појасот Газа убиени се 8.119 Палестинци, а речиси 70 отсто од потврдените смртни случаи се жени и деца, соопшти Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

- Клучно е да се сноси одговорност во однос на обвинувањата за сериозни прекршувања на меѓународното право по пат на веродостојни и непристрасни правосудни тела и во меѓувреме да се соберат сите релевантни информации и докази и да се чуваат, изјави висок комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Во денешниот израелски напад врз градот Газа и во близина на бегалскиот камп Нусеират загинаа шестмина Палестинци. Додека при израелското гранатирање на училиштето Халима ал Садија во бегалскиот камп Џабалија повредени се неколку цивили. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан