• четврток, 27 јуни 2024

ОН: Речиси 580.000 раселени на Хаити

ОН: Речиси 580.000 раселени на Хаити


Порт-о-Пренс, 20 јуни 2024 (МИА) - Зголеменото насилство на Хаити предизвикано од судирите меѓу завојуваните криминални банди расели речиси 580.000 луѓе од март, објавија во најнов извештај ОН.

Хаити долго време страда од широко распространето насилство. Но, кон крајот на февруари, вооружените банди започнаа координирани напади, преземајќи ја контролата врз полициските станици, гранатирајќи го главниот меѓународен аеродром и упаднаа во двата најголеми затвори во земјата.

Во извештајот објавен од Меѓународната организација за миграција се вели дека раселувањето на повеќе од половина милион луѓе на Хаити главно се должи на луѓето кои бегаат од главниот град Порт-о-Пренс во други провинции кои немаат ресурси за да ги задоволат потребите. зш/

Остани поврзан