ОН предупредуваат на последици од копнена офанзива на Израел во Либан
- Евентуална копнена офанзива на Израел во Либан може да има катастрофални последици за цела генерација на луѓе на Блискиот Исток, предупредија денеска ОН.
Њујорк, 1 октомври 2024 (МИА) - Евентуална копнена офанзива на Израел во Либан може да има катастрофални последици за цела генерација на луѓе на Блискиот Исток, предупредија денеска ОН.
„Ризикот да се осуди друга генерација на истата судбина на војна е многу реален, повторно“, напиша специјалната координаторка на ОН за Либан, Жанин Хенис на X.
„Во услови на истрелување проектили и ракети, фрлање бомби и спроведување на рации, воената машинерија не успева да ги реши основните прашања“, напиша таа, пренесе ДПА. зш/