ОН предлага испраќање на мировни сили во Судан
- И двете страни во граѓанската војна во Судан извршија масовни злоупотреби што би можеле да претставуваат воени злосторства или злосторства против човештвото, соопшти денеска Мисијата на Обединети нации, која препорача ембарго за оружје и создавање мировни сили за заштита на цивилите
Женева, 6 септември 2024 (МИА) – И двете страни во граѓанската војна во Судан извршија масовни злоупотреби што би можеле да претставуваат воени злосторства или злосторства против човештвото, соопшти денеска Мисијата на Обединети нации, која препорача ембарго за оружје и создавање мировни сили за заштита на цивилите.
Во извештајот на 19 страници на Мисијата за проверка на фактите на ОН, заснован на 182 интервјуа со преживеаните, членовите на нивните семејства и сведоци, се истакнува дека и суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) се одговорни за нападите врз цивили, за тортура и самоволни апсења.
- Сериозноста на овие наоди ја нагласува потребата од неопходни итни мерки за заштита на цивилното население, наведе претседателот на Мисијата, Мохамед Чанде Осман и повика на итно распоредување на независни и непристрасни сили.
Тричлената мисија е формирана во октомври 2023 година од страна на Советот за човекови права на ОН во Женева и ова е нејзин прв извештај.
Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во април 2023 година, загинаа над 16.000 луѓе, а речиси 10 милиони лица ги напуштиле своите домови. ми/
фото: МИА архива