• вторник, 07 мај 2024

ОН: Осум дена не можеме да доставиме храна во северниот дел на Газа

ОН: Осум дена не можеме да доставиме храна во северниот дел на Газа

Њујорк, 11 ноември 2023 (МИА) - Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижарик денеска соопшти дека ОН веќе осум дена не можат да достават храна на северот на Појасот Газа.

„Од четврток, 9 ноември, ниту една пекара не работи на северот поради недостиг на гориво, вода и брашно, како и поради оштетување на објектите“, изјави Дижарик, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој додаде дека луѓето со часови чекаат во редици за храна, поради што се изложени на континуирани воздушни напади.

- Основните прехранбени производи, вклучително брашно, млечни производи, јајца и флаширана вода исчезнаа од полиците низ Појасот Газа во изминатите два дена, рече Дижарик, додавајќи дека оризот и маслото за јадење исто така брзо се потрошиле. ссм/

фото: архива

Остани поврзан