• сабота, 21 декември 2024

ОН: Невозможно е да се задоволат потребите на 1,2 милиони раселени Либанци

ОН: Невозможно е да се задоволат потребите на 1,2 милиони раселени Либанци

Бејрут, 9 октомври 2024 (МИА) – Израелската армија издаде предупредувања до луѓето кои живеат во јужен Либан да се евакуираат или ризикуваат да бидат убиени.

Околу 1,2 милиони луѓе ги напуштија домовите поради израелските напади и предупредувањата за евакуација.

Претставникот на Светската програма за храна на Обединети нации, Метју Холингворт истакна дека невозможно е да се задоволат потребите на повеќе од еден милион луѓе присилно раселени лица.

- Ова не беше земја што е добро подготвена да се соочи со сите предизвици во изминатите години. Значи, тоа ќе биде борба, наведе Холингворт. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан