• среда, 08 мај 2024

ОН назначија холандски дипломат од кариера за координатор за хуманитарна помош за Газа

ОН назначија холандски дипломат од кариера за координатор за хуманитарна помош за Газа

Њујорк, 26 декември 2023 (МИА) - Холандската политичарка од кариера и дипломат Сигрид Каг денеска беше назначена од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за координатор за хуманитарна помош за Газа, јави ДПА.

Каг, која ќе ја преземе новосоздадената функција на 8 јануари следната година, неодамна беше вицепремиерка и министерка за финансии на Холандија.

Таа претходно имаше различни високи функции во системот на ОН во Њујорк, Женева, Најроби и на други места.

Нејзиното назначување следи по барањето на Советот за безбедност на ОН, рефлектирано во резолуцијата усвоена минатата недела. Во резолуцијата се бара зголемување на хуманитарната помош за речиси два милиона Палестинци на кои им е очајна потребата во Појасот Газа поради тековните израелски бомбардирања.

За чувствителното прашање за тоа како треба да се следат и проверуваат испораките на помош во Газа, резолуцијата бара назначување координатор на ОН кој ќе го надгледува овој процес. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан