• понеделник, 10 март 2025

ОН: Над 300.000 бегалци се вратиле во Сирија по падот на Асад

ОН: Над 300.000 бегалци се вратиле  во Сирија по падот на Асад

Њујорк, 7 март 2025 (МИА) - Повеќе од 300.000 бегалци се вратиле во Сирија по падот на режимот на претседателот Башар ал Асад, соопштија Обединетите нации.

Селин Шмит од Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) наведе дека бројот на повратници по 8 декември надмина 300.000, објави Фигаро.

Според неа, освен тие 300.000 повратници, уште 900.000 луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови, но останале во Сирија, се вратиле во своите родни места, што значи дека од почетокот на декември во нивната област се вратиле вкупно 1,2 милиони лица, вклучувајќи бегалци и внатрешно раселени лица.

Турција, соседната земја која е домаќин на речиси три милиони сириски бегалци, исто така, објави дека повеќе од 133.000 Сиријци кои живееле во Турција се вратиле во нивната земја.

Според УНХЦР, во војната во Сирија, која започна во 2011 година, досега се убиени над 500.000 лица, а неколку милиони се раселени, што ја прави најголемата миграциска криза во светот.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан