• вторник, 07 јануари 2025

ОН истражува можен хакерски пробив со кражба на податоци

ОН истражува можен хакерски пробив со кражба на податоци

Отава, 7 јануари 2025 (МИА) - Службата за цивилна авијација на Обединетите нации (ICAO) соопшти дека истражува извештаи за „можен инцидент со кибер-безбедноста“, по тврдења дека илјадници фајлови биле преземени.

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, со седиште во Канада, во кусото соопштение на својата веб-страница соопшти дека можниот пробив на безбедноста најверојатно е поврзан со „актер што претставува закана, познат дека напаѓа меѓународни организации“.

ICAO потврди дека истрагата започнала по коментар на хакерски форум во кој се тврди дека се украдени 42.000 записи од агенцијата.

ОН за цивилна авијација, каде членуваат 193 држави, беше мета на хакерски напад во 2016 година, по што направи значајни подобрувања во безбедноста. ссм/

фото: архива

Остани поврзан