• вторник, 18 јуни 2024

ОН: Иран ги зголеми залихите на збогатен ураниум речиси до ниво за атомска бомба

ОН: Иран ги зголеми залихите на збогатен ураниум речиси до ниво за атомска бомба

Техеран, 27 мај 2024 (МИА) - Иран ги зголеми своите залихи на збогатен ураниум речиси до ниво кое е доволно за производство на нуклеарно оружје, се наведува во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во кој имала увид агенцијата АП, пренесува Бета.

Според извештајот, Иран сега поседува 142,1 килограм ураниум збогатен до 60 проценти, што е за 20,6 килограми повеќе од податоците во претходниот извештај од февруари 2024 година. Збогатувањето на ураниумот до 60 отсто е на само мал технички чекор до ниво од 90 проценти, што е потребно за нуклеарна боева глава.

Извештајот покажува дека вкупните ирански залихи на збогатен ураниум сега изнесуваат 6.201,3 килограми, што е зголемување од 675,8 килограми во однос на последниот извештај на МААЕ.

Агенцијата на ОН, исто така, наведува дека Иран сè уште не ја повлекол својата одлука од септември 2023 година, со која е забранет надзорот на неговата нуклеарна програма, но додава дека очекува Иран да го стори тоа во рамките на тековните консултации меѓу МААЕ и Иран.

Во соопштението се наведува дека смртта на иранскиот претседател и министер за надворешни работи во хеликоптерска несреќа довела до пауза во разговорите меѓу МААЕ и Техеран за подобрување на соработката. ссм/

фото: архива

Остани поврзан