• недела, 22 декември 2024

ОН изгласаа завршување на мисијата во Ирак воспоставена во 2003 по соборувањето на Садам Хусеин

ОН изгласаа завршување на мисијата во Ирак воспоставена во 2003 по соборувањето на Садам Хусеин

Њујорк, 31 мај 2024 (МИА) – Советот за безбедност на ОН денеска едногласно гласаше за завршување на политичката мисија на ОН во Ирак, воспоставена во 2003 година по инвазијата предводена од САД со која беше соборен Садам Хусеин.

Мисијата беше формирана за да ги координира постконфликтните хуманитарни активности и реконструкцијата и да помогне во враќање на репрезентативна влада во земјата.

Ирачката влада со писмо на 8 мај побара од Советот за безбедност да ја затвори мисијата до крајот на 2025 година, и со оваа резолуција се прави тоа. Резолуцијата го продолжува мандатот на Мисијата на ОН за помош во Ирак (УНАМИ) за последните 19 месеци до 31 декември 2025 година, кога нејзината работа целосно ќе престане.

Во резолуцијата спонзорирана од САД се бара од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да подготви план за преоден период и затворање на мисијата во консултација со ирачката влада до 31 декември годинава, за да може УНАМИ да почне да ги префрлува своите задачи и да го повлекува персоналот и имотот.

Советот за безбедност соопшти дека ги поддржува континуираните напори на Ирак кон стабилизација, вклучително и неговата борба против групата Исламска држава и екстремистите на Ал Каеда и нивните групи. јт/

Фото: Фејсбук УНАМИ

Остани поврзан