• петок, 05 декември 2025

ОН: За повеќе од еден месец речиси 800 луѓе загинале во Газа, обидувајќи се да дојдат до помош

ОН: За повеќе од еден месец речиси 800 луѓе загинале во Газа, обидувајќи се да дојдат до помош

Женева, 11 јули 2025 (МИА) – Речиси 800 луѓе загинале во Газа од 27 мај наваму, обидувајќи се да дојдат до помош, а огромното мнозинство од нив на локациите на Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), поддржана од САД и Израел, соопштија денеска Обединетите нации.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права изјави во Женева дека од 27 мај, кога почнале операциите на ГХФ, до 7 јули се регистрирани 798 загинати лица, од кои 615 на локациите на оваа хуманитарна фондација.

ГХФ, чија цел е да ги заобиколи ОН, дистрибуира помош на четири локации опкружени со израелски трупи.

ОН и хуманитарните групи го отфрлија системот на ГХФ, наведувајќи дека тој му овозможува на Израел да ја користи храната како оружје, ги крши хуманитарните принципи и не е ефикасен. Израел тврди дека Хамас ја злоупотребувал помошта што ја доставувале ОН, што ОН го негираат. јт/

Фото: ГХФ на Х

Остани поврзан