ОН загрижени поради израелската офанзива врз градот Газа
- Обединетите нации се загрижени дека тековната израелска офанзива врз градот Газа би можела дополнително да ги загрози животите на Палестинците во енклавата, како и поради присилното преместување на населението уште подалеку на југ, изјави денеска портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Њујорк, 29 август 2025 (МИА) – Обединетите нации се загрижени дека тековната израелска офанзива врз градот Газа би можела дополнително да ги загрози животите на Палестинците во енклавата, како и поради присилното преместување на населението уште подалеку на југ, изјави денеска портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Тој рече дека ОН ја забележале најавата на Израел дека ги суспендира т.н. „тактички паузи“ во воените операции во Газа, пренесува Ал Џезира.
- Таа суспензија дополнително ќе ги загрози животите на луѓето и на работниците за помош да им даваат поддршка на луѓето. Присилувањето стотици илјади луѓе да се преселат уште подалеку на југ е рецепт за понатамошна катастрофа и би можело да се смета за присилно преместување, рече тој. јт/
Фото: ЕПА