• недела, 24 ноември 2024

ОН: Евентуална воена ескалација би била катастрофална за жителите на Газа

ОН: Евентуална воена ескалација би била катастрофална за жителите на Газа

Токио, 20 октомври 2023 (МИА) - Каква било ескалација или продолжување на воените дејствија на Израел во Газа би биле „чисто катастрофални“ за локалното население, нагласи високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Таквото мислење Гранди го искажа на прес-конференција во Токио.

Тој нагласи дека неговата агенција нема официјален мандат за палестинските територии или Израел, но рече дека „ја споделува загриженоста и екстремната загриженост изразена од многу (негови) колеги, вклучително и генералниот секретар на ОН“ во врска со конфликтот.

„Засега не може да се проценат последиците од можното проширување на конфликтот во Либан и на други места“, додаде Гранди. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан