• четврток, 26 март 2026

ОН добија дозвола од Израел за влегување на уште 100 камиони со помош во Газа

ОН добија дозвола од Израел за влегување на уште 100 камиони со помош во Газа

Женева, 20 мај 2025 (МИА) - Обединетите нации добија дозвола од Израел за влез на околу 100 дополнителни камиони со помош во Газа, објави портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Јенс Лерке. 

„Побаравме и добивме одобрение за многу повеќе камиони отколку што беа одобрени вчера“, рече Лерке на прес-конференција во Женева, прецизирајќи дека станува збор за „околу 100“ камиони. 

По 11 недели блокада од страна на Израел, девет камиони со помош влегоа вчера во Газа преку преминот Керем Шалом, но Лерке изјави дека само пет камиони всушност стигнале во Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан