• вторник, 19 ноември 2024

ОН го повика Израел да престане да користи муниција со висока експлозивна моќ во гранатирањето на Газа

ОН го повика Израел да престане да користи муниција со висока експлозивна моќ во гранатирањето на Газа

Аман, 10 ноември 2023 (МИА) - Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, го повика Израел да престане да користи муниција со висока експлозивна моќ во гранатирањето на густо населените области на Појасот Газа, што израелските сили го прават во обид да го уништат радикалното палестинско движење Хамас, јави ДПА.

„Имајќи го предвид големиот број жртви меѓу цивилното население и широкиот периметар на уништување меѓу цивилните објекти, имаме доста сериозни сомневања дека се вршат неселективни напади кои се во спротивност со меѓународното хуманитарно право“, рече Турк за време на посетата на главниот град на Јордан, Аман.

По неговата посета на контролниот пункт Рафа на границата меѓу Египет и Појасот Газа, тој зборуваше за „воени злосторства“ од двете страни во војната, Израел и Хамас.

Тирк ја опиша ситуацијата во енклавата како страшна. „Разговарав со израелските бранители на човекови права кои се вознемирени и огорчени од маките на цивилите во Газа. Тие исто така се загрижени како тоа што се случува влијае на имиџот на Израел“, рече Турк.

„Решението е да се стави крај на окупацијата и целосно да се почитува правото на Палестинците на самоопределување“, додаде Волкер Турк. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан