ОН го осудуваат „грозоморниот“ руски напад врз центарот на украинскиот град Чернихив
Њујорк, 19 август 2023 (МИА) - Хуманитарниот координатор на ОН за Украина го осуди денешниот руски ракетен напад врз центарот на градот Чернихив, во кој загинаа најмалку седум луѓе и ранети се над 100, оквалификувајќи го како „грозоморен“,и повикувајќи ја Москва да ги прекине нападите врз „населените области“.
Во нападот рано утрово беше погоден драмскиот театар на централниот плоштад во Чернихив .
„Грозоморно е да се напаѓа главниот плоштад на голем град, наутро, додека луѓето се шетаат, некои одат во црква за да го прослават верскиот ден за многу Украинци“, рече Дениз Браун, хуманитарна координаторка на ОН за Украина.
Таа мислеше на православниот празник Преображение Господово во кое некои во Чернихив присуствуваа на црковните служби утрово.
„Ја осудувам оваа повторена шема на руски напади врз населените области во Украина, што предизвикуваат смртни случаи, масовно уништување и зголемени хуманитарни потреби.
„Нападите насочени против цивили или цивилни објекти се строго забранети според меѓународното хуманитарно право. Тоа мора да престане“, додаде таа. зш/