• недела, 22 декември 2024

ОН ги замрзнаа своите активности во палестинскиот бегалски камп во Либан поради присуството на вооружени лица

ОН ги замрзнаа своите активности во палестинскиот бегалски камп во Либан поради присуството на вооружени лица

Бејрут, 18 август 2023 (МИА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток денеска соопшти дека одлучила да ги замрзне сите свои активности во најголемиот палестински бегалски камп во Либан во знак на протест поради присуството на вооружени лица во тамошните објекти.

Одлуката стапи во сила во бегалскиот камп Аин ел Хилвеј, во близина на пристанишниот град Сидон во јужниот дел на Либан. Активностите ќе продолжат утре, соопшти агенцијата.

На територијата на кампот со денови продолжуваат уличните борби меѓу борците од движењето Фатах, предводени од палестинскиот претседател Махмуд Абас и тврдокорните исламисти од паравоените фракции Џунд ал Шам и Шабаб ал Муслим. Судирите започнаа на 30 јули, откако Фатах ги обвини своите противници дека застрелале висок воен офицер.

Најмалку 13 лица загинаа во борбите, десетици се повредени, а штетата на кампот изнесува милиони долари, соопштија претставници на агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци. ссм/

фото: архива

Остани поврзан